УХМР најавува голема промена на времето

Времето денес, Дали Знаете, Македонија

Денеска нè очекува променливо облачно време, со повремени сончеви периоди, но и можност за слаби врнежи од дожд во западните делови на Македонија.

Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), утринските часови во одделни котлини ќе донесат услови за појава на магла, додека во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе се движи околу 7, а максималната ќе достигне до 19 степени. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, со можност за слаб локален дожд. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.