Камениот мост доби ново осветлување, свечено го пуштија Ѓорѓиевски и донаторот од Турција (ФОТО)

Дали Знаете, СКОПЈЕ

Камениот мост во Скопје од вечерва има ново декоративно и архитектонско осветлување. Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави фотографии од свеченото пуштање на осветлувањето, кое тој го изврши заедно со Мехмет Тевфик Гоксу, градоначалник на турската општина Есенлер.

Со новото осветлување се истакнати камените сводови на мостот над Вардар. Ѓорѓиевски рече дека обновувањето на едно од најпрепознатливите обележја на Скопје е дел од грижата за градското наследство.

На свеченоста присуствуваа турскиот амбасадор Алпер Акташ, извршниот директор на Халкбанка, Фатих Шахбаз, и почесниот конзул Ајдован Адемоски.

Според Ѓорѓиевски, проектот произлегол од Протоколот за пријателство и соработка меѓу Град Скопје и Општина Есенлер. Тој им се заблагодари на турската општина, на Халкбанк и на Адемоски за поддршката и придонесот во реализацијата на проектот.