Коњановски: Ги усогласуваме активностите на службите пред зимската сезона
Општина Битола одржа работен состанок со претставниците на зимската служба за да ги усогласи активностите на надлежните претпријатија и институции пред почетокот на сезоната 2026/2027.
На состанокот присуствуваа градоначалникот Тони Коњановски и претседателот на Советот на Општина Битола, Бојан Бојкоски. Раководителката на Одделението за комунални дејности, Марјана Спасевска, ги претстави активностите предвидени со програмата за зимската сезона.
Коњановски ја нагласи важноста од ефикасно спроведување на програмата, за службите да можат навреме да интервенираат на терен. Програмата за сезоната 2026/2027 е веќе усвоена од Советот на Општина Битола.
