Сончево со ветер, од петок студено со дожд и снег на планините

Времето денес, Дали Знаете, Македонија

Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, поизразен долж Повардарието. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност, објави 4news.mk Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.

До петок ќе преовладува променливо облачно и постудено време, кога ќе има повремени локални врнежи од дожд, кои на некои од повисоките планини ќе преминат во снег.

Ќе дува засилен ветер од северен правец, кој наместа ќе биде силен со брзина над 60 km/h. За време на викендот ќе биде сончево со мала до умерена облачност.