Љупчо Горгиевски за Ива Михаилова: „Понекогаш треба да поминеш стотици километри за да не објаснуваш кој си“

Македонија, Политика

Љупчо Горгиевски, поранешен претседател на згаснатиот бугарски клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола, се огласи на Фејсбук за случајот со Ива Михаилова.

-Девојката од еден наш град замина во друг, поголем наш град, за да се лекува…

Ива Михајлова од Кочани веќе е во Софија. По месеци болка, искушенија и неизвесност, таа конечно е таму каде што вели дека се чувствува заштитено.

Од родниот крај, каде што не наоѓа мир и сигурност какви што заслужува секој граѓанин и каде што е изложена на вознемирување поради своето бугарско национално самоопределување, кон бугарската престолнина, каде што наоѓа надеж.

Понекогаш треба да поминеш стотици километри за да стигнеш до местото каде што не мораш да објаснуваш кој си.

Ива не само што пристигна во Софија. Таа се врати дома!, напиша тој на Фејсбук.