Коњановски: Со амбасадорката Гетцова разговаравме за збратимување со чешки град

Македонија

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, денеска оствари средба со амбасадорката на Република Чешка во Македонија, Ирена Гетцова, на која разговарале за продлабочување на соработката во економијата и културата, како и за можноста за збратимување на Битола со чешки град.

Коњановски ја запознал амбасадорката со историјата на Битола, културното наследство и традицијата, а ги претставил и економските и туристичките потенцијали на градот.

Според неговата објава, на средбата било разговарано за интензивирање на економската и културната соработка. Во разговорот била истакната и поддршката што Чешка, како членка на Европската Унија, ѝ ја дава на Македонија во процесот на европската интеграција.

„Една од темите на разговор беше и можноста за збратимување на Битола со град од Чешка“, истакна Коњановски.

Средбата била и повод за пригоден подарок во знак на пријателството меѓу двата народа.