МАКЕДОНИЈА ПОД ГРМЕЖИ И ПОРОИ: Денеска нестабилно време, температурите до 21 степен

Времето денес, Македонија

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни, проследени со појава на грмежи и засилен ветер.

Минималните температури ќе се движат приближно од 9 до 15 степени, додека максималните дневни ќе бидат од 14 до 21 степен. Најсвежо ќе биде во западните делови, каде дневната температура на места ќе остане околу 14 степени, додека најтопло ќе биде на југоисток со максимум до околу 21 степен.

Во централните и северните делови максималните температури ќе се движат главно од 18 до 20 степени, а на исток околу 18 степени.

Во Скопје, променливо облачно со повремени венежи од дожд. Во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер.