Тоневски: Продолжуваат работите на селските патишта во Пробиштип
Во тек се работи за порамнување на патот до селото Јамиште и посипување на критичните места, со цел повторно да се овозможат неговата проодност и функционалност, информира градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски.
По завршувањето на предвидените земјени работи на овој патен правец, градежните машини ќе бидат пренасочени кон патот до селото Шталковица, каде што ќе се вршат расчистување и порамнување.
