„Северна не смее да стои на кајрон, ниту па се спомне“ – Калиопи за интервјуата кои ги дава надвор од Македонија

Дали Знаете, Македонија, Сцена

Нашата позната пејачка Калиопи во гостување во поткастот „Претрес со Ландов“ посочи дека уметниците и спортистите се едни од најголемите амбасадори на Македонија.

Таа порача дека политичарите треба да си ја работат својата работа, а културата и уметноста да го имаат заслуженото место.

Посебно внимание предвизвика со изјавата дека кога дава интервјуа надвор од земјата, инсистира да не се користи придавката „Северна“, додавајќи дека тоа го почитуваат и новинарите со кои разговара.

– Кога давам интервјуа надвор од Македонија, Северна не смее да стои на кајрон, воопшто, ниту па се спомне во интервјуто. Тоа го знаат сите новинари и го почитуваат надвор, рече Калиопи.

Според неа, токму културата и спортот се меѓу најважните начини преку кои Македонија се претставува во светот.

– Не одам ни јас во парламент да пеам песни, да правам концерти во парламент. Така да ни тие не треба да се наместат каде што треба да се млади луѓе, музичари, културни уметници, каде што треба културата да е во преден план, рече Калиопи. Ние сме најголемите амбасадори. Спортот, тие се оние коишто ја величаат Македонија, истакна пејачката.

Калиопи вели дека секој треба да одговара за својата работа, без разлика дали станува збор за политичар, музичар или спортист.

– Сметам дека политичарите треба да си ја работат својата работа таму каде што треба да си ја работат, и да одговараат за тоа што го работат, како што и ние. Ако направам лоша песна, нема да ми биде слушана. Ако направам добра песна, ќе стане хит, рече таа.