ЌЕ ОСТАНЕТЕ БЕЗ ЗБОРОВИ: Има најголеми гради во земјата, тешки дури 27 килограми – „Не престануваат да ми растат“ (ФОТО)

Дали Знаете, Живот

28-годишната Самер Роберт од Глазгов, Шкотска, живее со ретка здравствена состојба поради која нејзините гради постојано растат. Според нејзините тврдења, тие во моментов тежат околу 27 килограми, а нивната големина ѝ предизвикува сериозни проблеми во секојдневниот живот.

Самер боледува од макромастија, состојба која предизвикува прекумерен раст на ткивото на градите. Таа раскажува дека промените започнале уште кога имала седум години, но најголемиот раст го забележала околу 25-годишна возраст.

За само една година, големината на нејзиниот градник се зголемила за неверојатни 11 броеви. Денес носи големина 30U, а најголемиот проблем ѝ е што речиси никаде не може да најде соодветен градник.

Поради тоа, долната облека мора да ја нарачува од странство или да ја изработува по мерка. За еден градник платила дури 800 британски фунти, но тој се оштетил по само еден месец.

Дополнителен проблем е што градите не ѝ растат рамномерно. Понекогаш со месеци нема промени, а потоа за краток период нивната големина може да се зголеми за два броја.

Оваа состојба ѝ предизвикува хронични болки во грбот, вратот и рамената, проблеми со спиењето и ограничувања при физичките активности. Самер уште како тинејџерка размислувала за операција за намалување на градите, но, според нејзините зборови, повеќепати била одбиена. Лекарите ѝ објасниле дека дури и по операцијата не постои гаранција дека градите нема повторно да почнат да растат.

И покрај сите тешкотии, 28-годишната Шкотланѓанка вели дека научила да го прифати и сака своето тело. Сепак, останува едно прашање на кое засега нема одговор – дали и кога нејзините гради ќе престанат да растат.