Николоски: Нова авиолинија Скопје – Подгорица и поврзување со пристаништето Бар преку автопатот Скопје – Блаце

Дали Знаете, Македонија

Заменик-претседателот на Владата, Александар Николоски, се наоѓа во работна посета на Подгорица, Црна Гора, каде оствари средби со премиерот Милојко Спајиќ, вицепремиерот за европски и надворешни работи, Филип Ивановиќ, како и со министерот за транспорт, Радош Зечевиќ.

Главни теми на разговорите беа регионалното поврзување, економската соработка и инфраструктурните проекти меѓу двете пријателски земји. Николоски истакна дека изградбата на автопатот Скопје – Блаце покрај сообраќајната врска ќе овозможи и силно отворање кон пристаништето Бар. Воедно, тој најави и брзо потпишување договор за воспоставување директна авиолинија меѓу Скопје и Подгорица.

„Разговаравме за поврзувањето. Веќе почнавме да го градиме автопатот Скопје – Блаце, кој што значи отворање на Македонија кон трето пристаниште – тоа е отворање кон пристаништето Бар… Исто така, зборувавме и за авионското поврзување и очекувам во многу кратко време да се потпише договор којшто ќе значи директен лет помеѓу Скопје и Подгорица“, изјави Николоски.