Божиновска: Со Австрија отвараме нови можности за енергетска соработка
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска во Виена оствари работна средба со Северин Грубер, генерален секретар на Сојузното министерство за економија, енергетика и туризам на Австрија.
Во фокусот на разговорите биле унапредувањето на билатералната и економската соработка меѓу Македонија и Австрија, со посебен акцент на енергетскиот сектор, енергетската транзиција и актуелните предизвици со кои се соочува Европа.
Божиновска и Грубер размениле мислења и за можностите за продлабочување на соработката, размена на искуства и воспоставување нови партнерства во енергетиката.
„Продолжуваме да работиме на отворање нови можности и зајакнување на меѓународната соработка во интерес на енергетската сигурност и развојот на Македонија“, истакнува Божиновска.
Средбата во Виена е дел од активната меѓународна агенда на Министерството, насочена кон зајакнување на партнерствата со европските земји и создавање нови можности за соработка во енергетиката.
