Меџити: Потребите на граѓаните ги претвораме во конкретни проекти

Македонија

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, во рамки на теренските активности ја посети Поликлиниката „Бит Пазар“, каде разговараше за состојбата и потребите на здравствената установа.

Заедно со директорот на Здравствен дом – Скопје, Самир Исени, Меџити разговарал за можностите за обезбедување нова медицинска опрема, реновирање и модернизирање на објектот, како и за зајакнување на професионалниот кадар.

Од Општина Чаир посочуваат дека теренските посети имаат цел директно да се утврдат потребите на институциите и граѓаните, а идентификуваните проблеми да се преточат во конкретни проекти и активности.

„Секој ден сме на терен, ги слушаме и ги идентификуваме потребите и работиме тие да ги претвориме во проекти и активности за нашите граѓани“, порача Меџити.