Скопјанка застана на мост со „порше“ за да фрли отпад во Лепенец (ВИДЕО)

Дали Знаете, Македонија

Утрово порталот „Курир“ објави видео на кое можеше да се види како одредена госпоѓа излегува од своето возило „Порше“ и фрла отпад од мост.

Според она што може да се забележи на снимката, станува збор за мостот во реката Лепенец, во близина на Канал 5 Телевизија.

Инаку точно кај тој мост Лепенец се влева во Вардар.

Под објавата веќе има лавина од коментари и реакции. Дел од нив апелираа од надлежните веднаш да ја пронајдат и санкционираат несовесната жена, а други прашаа за нејзиното име со цел да ја направат „славна“.