Меџити по пресудата во Хаг: Борбата за вистината продолжува

Македонија

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, ја оцени како разочарувачка и длабоко неправедна денешната одлука на Хашкиот суд за поранешните лидери на ОВК.

Меџити во својата реакција порача дека ОВК водела, како што наведува, „чиста, одбранбена и праведна борба“ за слобода, независност и достоинство.

„Историјата на нашиот народ не може да се измени, ниту да се оцрни со одлуки кои ѝ служат на неправдата, а не на вистината“, порача Меџити.

Тој додава дека борбата за вистината и правдата треба да продолжи.

„Борбата за вистинската историја и за правда заслужува и мора да продолжи до нејзината победа“, наведува Меџити.

На крајот од реакцијата, копретседателот на ВЛЕН порача дека не прифаќа пресудата против ОВК да биде донесена во име на косовскиот народ.

„Не на осудата на ОВК во наше име!“, порача Меџити.