ДРАМА ВО ГРЦИЈА: Македонец херој спаси тричлено семејство од Бугарија! (ФОТО)

Живот, Македонија

БИТОЛЧАНЕЦОТ МИХАИЛ НИКОЛОВСКИ ХЕРОЈ НА ПЛАЖАТА ВО ОЛИМПИЈАДА – СПАСИЛ ТРИЧЛЕНО СЕМЕЈСТВО ОД РАЗБРАНУВАНОТО МОРЕ

Вистинска драма денеска се случила на плажата во Олимпијада, Грција, каде силните бранови однеле тричлено семејство од Бугарија.

Во моментите кога жената панично повикувала на помош, од присутните на плажата реагирал битолчанецот Михаил Николовски. Без двоумење влегол во разбрануваното море и, според сведоштвото на неговото семејство, најпрво ја извлекол жената, потоа детето, а на крај и таткото.

По спасувањето, присутните на плажата го поздравиле Михаил со силен аплауз.

Еден храбар чин, токму на 8 Септември, кој најдобро покажува дека човечноста нема националност и граници.

Браво Михаил! Битола денес има уште една причина да биде горда на еден свој син кој е храбар како неговиот татко, добродушен и
пожртвуван како неговата мајка.