Наскоро неработен ден – ќе слави цела Македонија!

Дали Знаете, Македонија

По овој продолжен викенд за верниците, набргу доаѓа неработен ден за сите граѓани на Македонија.

Денот на независноста на Северна Македонија – 8 септември (вторник) е неработен ден за сите граѓани, согласно Програмата на неработни денови за 2026 година.

Празникот се одбележува во чест на Денот на независноста – 8 Септември, кога во 1991 година граѓаните на референдум се изјаснија за независна и суверена Република Македонија.