БВ ИНЖЕНЕРИНГ: Објектот STU3 е сè уште во фаза на изградба и не е предаден на инвеститорот

Македонија

Објектот STU3 е сè уште во фаза на изградба и не е предаден на инвеститорот.

До завршување на градежните активности и официјалното предавање на објектот за употреба на инвеститорот, забрането е движење и присуство на надворешни лица кои не се вклучени во процесот на изградба. Пристап до објектот имаат исклучиво вработените кај изведувачот, надзорниот орган и претставниците на инвеститорот.

Во текот на вчерашниот ден дојде до обилни врнежи од дожд. Иако асфалтот беше изведен со задоволителен квалитет, одлучивме, на наш трошок , да го отстраниме делот кој се наоѓаше во последните две транспортни средства, со цел да се обезбеди соодветен квалитет и трајност на изведбата.

Градежните активности продолжуваат во понеделник.

Ги замолуваме сите граѓани за разбирање и да ја почитуваат забраната за движење во рамките на објектот сè до неговото официјално завршување и пуштање во употреба.

Ви благодариме за разбирањето и соработката.

БВ ИНЖЕНЕРИНГ