НЕВРЕМЕ ВО МАКЕДОНИЈА – Силни поројни дождови и град ги зафатија овие делови од земјата

Времето денес, Дали Знаете, Македонија

Според најновата радарска слика, во моментов има нестабилни временски процеси во повеќе делови од Македонија.

На југозападот од земјата, во Преспанскиот регион, регистрирана е нестабилна облачност проследена со умерени врнежи од дожд и ретка појава на грмежи.

Истовремено, во планинските подрачја на североисточна Македонија се развива нестабилна облачна маса која носи пороен дожд и грмежи.

Според моменталните податоци, облачните системи се движат од север кон југ, па во текот на следните часови можно е врнежите и грмежите да зафатат и други подрачја долж нивната траекторија.

На граѓаните им се препорачува внимателност при движење на отворено, особено во регионите каде што има појава на грмежи и интензивни врнежи од дожд.