СДСМ ветува БЕСПЛАТНО СОНЦЕ, каква е новата програма?
СДСМ го одржа 32 програмски конгрес каде се промовираше нова партиска програма, која, меѓу другото, ветува промени во енергетскиот сектор.
Партијата ова го нарекува ‘енергетски сувернитет и зелена правда’, во некој реформаторски стил. Во програмата стои дека СДСМ ќе воспостави деполитизација на енергетскиот сектор, ослободен од партиски притисоци, а политичарите ќе ги отстранеле од енергетските компании, додека со струјата ќе управувале професионалци.
Има нешто поетично во реториката на СДСМ, а и во понудата што ја даваат, затоа што само неколку години наназад, Васко Ковачевски беше лицето на енергетската политика на СДСМ, додека тие беа власт во земјава.
СДСМ ветува ‘бесплатно сонце’. Но, не не чуди, со нив на власт може и сонцето да го плаќаме.
Дали ова бесплатно сонце кое го нудат е можеби нивниот одговор на се што тргна наопаку?
