ВЛЕН: ДУИ менуваше министри, но не го реши правосудниот испит

Македонија

ДУИ смета дека срамот се покрива со врева. Но правосудниот испит не се решава со викање и лаги, туку со работа. А таа работа ја имаа во свои раце со години, но не ја завршија.

Министерството за правда премина од еден кадар на ДУИ на друг. По Блерим Беџети, кој имаше над 1000 дена како министер, дојде Аднан Јашари. Мандат имаше, надлежности имаше, печат имаше. Единствено што недостасуваше беше волја за албанските студенти.

Ова, како што велат од ВЛЕН, бил „занаетот“ на ДУИ – за Албанците чекање, за нивните луѓе предност. За студентите „ќе видиме“, но кога станувало збор за нивниот круг, системот веднаш функционирал.

Според ВЛЕН, токму во времето на Аднан Јашари, синот на Талат Џафери се стекнал со правосуден испит, иако сè уште бил недипломиран. Според нив, тоа покажува дека за студентите Албанци немало решение на албански јазик, додека за блиски до функционери системот функционирал без проблем.

Тие додаваат дека за „своите“ секогаш се наоѓал начин, додека проблемите на студентите се оставале настрана.

Затоа, според ВЛЕН, Аднан Јашари треба да одговори зошто не го решил прашањето со правосудниот испит на албански јазик додека бил министер за правда.

Студентите, велат од таму, имаат проблеми, а ДУИ има сметки.

ВЛЕН најавува дека ова прашање ќе го решава „од корен“, а правосудниот испит на албански јазик е само почеток. Сите стручни испити, според нив, во иднина ќе можат да се полагаат и на албански јазик.

Од партијата порачуваат дека граѓаните не сакаат повеќе врева, туку решенија.