Деца украле чоколадно млеко од маркет во Македонија, газдата ги фатил и ги истепал, но кога дознале татковците…

Македонија, Хроника

Газда на маркет пријавен за малтретирање деца по кражба на чоколадно млеко во Охрид. Случај на наводно физичко малтретирање на малолетници се истражува во Охрид, по пријава поднесена до СВР.

Според полициските информации, на 09.05.2026 година во 23:00 часот во СВР Охрид, три лица на возраст од 45, 45 и 35 години, сите од Охрид, пријавиле дека околу 17:00 часот нивните малолетни деца наводно извршиле кражба на чоколадно млеко од маркет во градот.

Во пријавата се наведува дека по настанот, сопственикот на маркетот и едно женско лице физички ги нападнале и малтретирале децата.

Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности околу инцидентот.