ШТИПСКИОТ ГЕНИЈАЛЕЦ СО ЗЛАТО ВО СОЛУН И ПРВО МЕСТО: Дамјан Давков повторно ја искачи Македонија на врвот
Уште една радосна вест за само една недела одекна денес, откако штипскиот генијалец Дамјан Давков повторно ја израдува Македонија.
Како што објави неговата мајка Никица, нашиот амбасадор на знаењето го освои првото место и се закити со злато на 43. Балканска математичка олимпијада во Солун, Грција.
Со ова ново големо признание, Дамјан уште еднаш потврди дека е меѓу најдобрите млади математичари во регионот, покажувајќи извонреден талент, дисциплина и континуирана посветеност кон науката.
Неговиот успех претставува голема гордост за Штип и за цела Македонија и уште една силна инспирација за младите генерации дека со труд и упорност се стигнува до највисоките врвови.
