Стојанче Јовановски е осуден на 12 години затвор за насилството и смртта на Ивана и Катја
Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска беше објавена пресудата за Стојанче Јовановски, кој беше обвинет за три кривични дела – телесни повреди како продолжено дело во рамките на семејно насилство, загрозување на сигурноста, како и наведување и помагање во самоубиство, во случај поврзан со трагедијата од 2 март годинава, кога животот го загубија неговата сопруга Ивана Јовановска и нивната шестгодишна ќерка Катја.
мк
Стојанче Јовановски е осуден на 12 години затвор.
За сите три дела на Јовановски изречена му е максимална казна – за телесна повреда 5 години, за загрозување на сигурноста 3 години и за наведување и помагање во самоубиство 5 години. Согласно Законот за кривична постапка, единствената затворска казна е 12 години.
Обвинителството побара тој да остане во притвор до правосилноста на пресудата.
Судењето започна кон крајот на март, а во текот на постапката беа презентирани аудио и видео материјали, кои, според обвинителството, документираат случаи на физичко и психичко насилство.
