Димитриеска-Кочоска: Силна поддршка од Словачка за македонските реформи
Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска оствари тет-а-тет средба со својот словачки колега Ладислав Каменицки, на која беше потврдена заедничката заложба за продлабочување на економската соработка меѓу двете земји.
На средбата, како што информира Димитриеска-Кочоска, била изразена силна поддршка од страна на Словачка за евроинтегративниот процес на Македонија, како и подготвеност за споделување на искуства и експертиза, особено во областа на јавните финансии, борбата против даночното затајување и управувањето со јавните инвестиции.
Таа потенцира дека Владата останува цврсто посветена на спроведување на реформите, одржување на макроекономската стабилност и создавање услови за забрзан економски раст.
„Заедничката цел е јасна – посилна економија и унапредена соработка меѓу двете земји“, истакна Димитриеска-Кочоска.
