Мицкоски со ладен туш за СДСМ – премиерот откри дали ќе има предвремени избори (ВИДЕО)

Македонија, Политика

Премиерот беше Запрашан за неговата изјава во која наводно отвори можност дека наскоро ќе има избори тој со дециден став: „Не“

Мицкоски рече дека има партии кои се плашат од неговата изјава, додавајќи дека ВМРО-ДПМНЕ е подготвена за избори.

„Има партии кои се плашат од таа изјава за изборите. Мојот став е дека годинава нема избори, ова е година на консолидација. Би сакал да има регуларни избори. ОБРМ-ПДУКМ секогаш е подготвена да излезе на избори и да победи, но нашиот фокус е да имаме реформи и да го подигнеме стандардот на граѓаните“, рече Мицкоски.

Инаку, неговата изјава каде рече дека „наскоро ќе има избори“, предизвика реакција кај мислењето и во политичките партии. Опозиционерите бараа Мицкоски веднаш да ги распише изборите, а ВЛЕН не даде јасен став дали се за или против предвремени парламентарни избори.