Интервју за Макфакс: Д-р Небојша Баткоски за развојот на стоматолошкиот туризам и модерната технологија

Македонија

Во ера кога модерната технологија и медицината се спојуваат за да понудат совршенство, Македонија станува сè позначајна точка на мапата на европскиот стоматолошки туризам. Тој ги надмина границите на ценовно конкурентна понуда и во се почесто привлекува пациенти кои бараат квалитетни и модерни услуги. Денес тој значи доверба, прецизна дијагностика, современа технологија, јасен план на лекување и резултат што пациентот може однапред да го разбере и да го очекува.

Стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“ од Охрид со години работи со пациенти од Европа и ја позиционира Македонија како дестинација за современа стоматологија, имплантологија и естетски третмани. Со д-р Небојша Баткоски разговараме за тоа како стручноста и континуираната едукација можат да ја претворат една локална клиника во препознатлив регионален и меѓународен стоматолошки центар. Како и за тоа како дигиталната трансформација, вештачката интелигенција и прецизната имплантологија ги менуваат животите на пациентите, за развојот на стоматолошкиот туризам кај нас.

Сè повеќе пациенти од Италија и други европски држави ја избираат вашата ординација за своите стоматолошки интервенции, со акцент на имплантолошките зафати. Кои се клучните фактори кои ја прават Македонија, а конкретно вашата клиника, атрактивна дестинација за стоматолошки туризам?

 

Д-р Баткоски: Стоматолошкиот туризам денес не се потпира само на подостапните цени, туку пред сè на доверба, врвна технологија и предвидлив резултат. Пациентите од Италија и остатокот од Европа нè избираат нас затоа што нудиме комплетен дигитален протокол кој вклучува вештачка интелигенција и системи како „RayFace“ и „Shining 3D“. Овие технологии ни овозможуваат прецизно планирање на секој чекор, додека со помош на 3D дијагностиката и водената имплантологија, постигнуваме минимална инвазивност и висок квалитет, што значи помалку болка и побрзо закрепнување, во значително пократок временски рок. Нашата предност е индивидуалниот пристап и конзистентноста односно пациентот не доаѓа во неизвесност, туку кај нас добива решение на кое може однапред да му верува.

Од естетска стоматологија до комплексни дентални зафати – кои услуги се најбарани од странците во моментов и како изгледа „патот“ на еден пациент од првата консултација до финалната насмевка?

Д-р Баткоски: Најголем интерес кај странските пациенти има за комплексните рехабилитации на целата вилица, познати како „All on 4“ и “All on 6“, како и за естетски трансформации со циркониумски коронки и винири. „Патот“ на пациентот е однапред темелно испланиран: започнуваме со онлајн консултација каде го анализираме конкретниот случај преку дигитални снимки и користење на вештачка интелигенција. Кога пациентот ќе пристигне, правиме детално скенирање со „RayFace“ и „Shining 3D“ системите, каде тој може виртуелно да го види својот иден изглед пред воопшто да почнеме. Самите интервенции се минимално инвазивни и водени со максимална точност. Финалната фаза е поставување на трајните, висококвалитетни решенија кои значат комплетна функционална и естетска трансформација. Целиот овој процес е брз, строго структуриран и предвидлив, што е пресудно за луѓе кои патуваат од странство и имаат ограничено време.

Кај странските пациенти особено е важно времето да биде добро организирано. Тие доаѓаат со однапред испланиран престој, па затоа мора да има јасен протокол, точна дијагностика, план на третман и реални очекувања. Тука дигиталната стоматологија ни помага многу, бидејќи овозможува подобра комуникација со пациентот уште пред неговото пристигнување, но и поголема сигурност во секоја следна фаза од третманот.

Живееме во ера на имплентација на модерни технологии во стоматологијата. Кои се најновите иновации кои моментално ги применувате во вашата работа и колку тие го менуваат искуството на пациентот во однос на прецизноста и квалитетот?

Д-р Баткоски: Прогресот на стоматологијата е отиден дотаму што денес таа претставува наука која е целосно дигитализирана. Во нашето работење ние активно користиме системи базирани на вештачка интелигенција кои ни помагаат во анализите кои човечкото око некогаш може да ги пропушти. „RayFace“ технологијата ни овозможува да го снимиме лицето на пациентот во 3D форма и да ја дизајнираме насмевката според неговата уникатна анатомија. Преку водена имплантологија, поставувањето на имплантите е без грешка и со минимален засек. За пациентот, оваа технологија не е само „модерна алатка“, таа е гаранција за квалитет, поголема сигурност за време на зафатот и значително пократко време поминато во ординација. Предвидливоста е најголемиот подарок на технологијата, веќе нема несакани изненадувања.

Ординацијата „Д-р Баткоски“ е препознатлива по своето прилагодовање на модерните трендови преку едукација на своите вработени за новитетите во стоматологијата на глобално ниво. Како успеавте да го споите искуството со модерните трендови и што е она што ве издвојува на пазарот во Македонија и пошироко?

Д-р Баткоски: Континуираната едукација е столбот на нашиот успех. Стоматологијата забрзано се менува на секои неколку месеци, па затоа постојано инвестираме во обуки, учество на светски конгреси и совладување на најновите софтвери од страна на нашите вработени. Нашата сила лежи во спојот на долгогодишното клиничко искуство и отвореноста кон иновациите. Она што нè прави поинакви е тоа што не нудиме готови „индустриски“ решенија, туку комбинација од врвна клиничка прецизност и индивидуален третман за секој пациент поединечно. Кај нас секој поединечен случај се планира до најситен детал и се изведува со конзистентен квалитет. Токму тој професионализам нè позиционира како лидери не само во Македонија, туку и пошироко во регионот.

Колку според вас здравата и убава насмевка влијае на целокупниот имиџ и самодоверба кај модерниот човек денес?

Д-р Баткоски: Насмевката одамна престана да биде само прашање на естетика, таа е суштински дел од личниот имиџ и психолошката самодоверба. Кај современиот човек, насмевката директно влијае на тоа како тој се претставува пред светот, како комуницира со околината и колку сигурно се чувствува. Таа е првото нешто што луѓето го забележуваат и често е клучен фактор за успех во личните и во професионалните релации. Нашата улога е да создадеме совршен баланс помеѓу здравјето, функцијата и природната убавина. Ние создаваме насмевка која му дава на пациентот нова сила и сигурност.

Покрај врвната услуга, по што сакате пациентите да ве паметат откако ќе излезат од вашата ординација и какви новини подготвувате за претстојниот период?

Д-р Баткоски: Нашата најголема желба е пациентите, покрај по квалитетните резултати, да нè паметат и по чувството на доверба, сигурност и човечко внимание што го добиле кај нас. Сакаме секој да замине не само со нова поубава насмевка, туку и со уверување дека бил третиран со максимална грижа и професионалност. Што се однесува до иднината, продолжуваме со уште поинтензивни инвестиции во најновата дигитална технологија и имплементација на вештачката интелигенција. Нашата цел е постојано да го унапредуваме искуството на пациентот, нудејќи уште поголем комфор, уште поголема прецизност и резултати кои го надминуваат очекуваното.