Општина Битола: Голем инфраструктурен зафат на булеварот „1 Мај“

Македонија

Поради пообемна интервенција на канализационата мрежа, в недела (10 мај) дел од булеварот „1 Мај“ во Битола ќе биде затворен за сообраќај.

Како што информираат од Општина Битола, станува збор за поголем дефект кој бара сериозен зафат на терен. Интервенцијата ќе се одвива на потегот од зградата на судот до Црн мост.

„Зафатот ќе биде од поголеми размери при што треба да се направи отвор длабок и до 6 метри“, соопштија од Општината.

Надлежните посочуваат дека улицата ќе остане затворена за сообраќај сè до завршување на работите, а апелираат до граѓаните да користат алтернативни сообраќајници и да ја почитуваат поставената сигнализација.