23-годишник од тетовско се сретнал со шест лица за да расчистат недоразбирање, наместо тоа, почнал да пука кон нив

Хроника

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Ј.(23) од с.Одри, тетовско, за сторени кривични дела „загрозување на сигурноста“ и „предизвикување општа опасност“.

На 22.05.2025, пријавениот се договорил со шест лица да се сретнат во с.Доброште за расчистување на меѓусебните односи, а откако пристигнал на договореното место со патничко возило го отворил прозорот и испукал неколку куршуми кон нив и продолжил да се движи со возилото, при што бил следен од возила во кои биле лицата, а во с. Пршовце и во с.Џепчиште А.Ј. повторно од возилото пукал со пиштол кон возилата на оштетените лица и продолжил да се движи кон Тетово.