НАЈНОВА ВЕСТ: СТРАВИЧНА СЦЕНА – автомобил гори на кружен тек во Скопје (ФОТО)

СКОПЈЕ, Хроника

Опожарено возило гори на кружниот тек во скопско Влае. Од видеото што го добивме, може да се види дека возилото стои опожарено на тротоарот на булеварот „Партизански одреди“ во правец накај населбата Ѓорче Петров.

Се очекува да пристигнат екипи на Противпожарната бригада и полицијата.

Сè уште нема официјални информации за причината на пожарот и дали има повредени. Според првичните информации, огнот избувнал ненадејно, а густ чад се издигал високо над местото на настанот. Засега нема официјални податоци за повредени лица.

Очевидци велат дека пламените јазици биле огромни и се ширеле со голема брзина, додека околните возила биле во опасност.

Се очекува повеќе информации од надлежните служби.