Познато е кога ќе бидат исплатени покачените пензии на пензионерите

ЕКОНОМИЈА / ФИНАНСИИ, Македонија

Пензиите за март кои ќе бидат покачени за илјада денари линеарно за сите пензионери треба да бидат исплатени на 1-ви април во среда. Некои од националните банки, пензиите ги исплаќаат и предвреме, па така одредени пензионери ќе ги добијат парите пред законскиот рок.

Мартовската пензија е покачена за 1000 денари линеарно, а исто вакво покачување имаше и минатиот септември.