Делови од Македонија ќе бидат снежна покривка – Синоптичарите со најнова прогноза

Времето денес, Дали Знаете

Земјава викендов и на почетокот на следната недела ќе биде под влијание на изразен ладен воздушен бран од североисток, кој ќе донесе засилен до силен северен ветер, значителен пад на температурите и локални снежни врнежи, особено во источните делови од земјата.

Според прогнозите, ќе дува силен северен ветер, кој на моменти и локално ќе достигнува брзина над 60 до 70 километри на час. Времето ќе биде претежно сончево, со мала до умерена облачност, а ваквите услови ќе придонесат за значително прочистување на загадениот воздух во котлините.

Утринските температури за време на викендот ќе се движат од -8 до 1 степен, додека дневните ќе достигнуваат меѓу 0 и 9 степени. Уште постудено утро се очекува во понеделник, 29 декември, кога температурите насекаде ќе се спуштат под нулата – од -10 до -1 степен, а на високите планински места има услови тие да паднат и под -10 степени.

Истовремено, источна Македонија е зафатена од влажен и ладен воздушен бран од север, кој предизвика врнежите од дожд да преминат во снег, при што во дел од градовите и на планините владее вистинска зимска снежна идила. Најобилни врнежи до утринските часови се измерени во југоисточниот дел од земјата, при што во Гевгелија наврнале 36 литри дожд на метар квадратен.