Македонска држава“ носи ексклузив: Над 1.000 документи за македонскиот идентитет
Книгата „Македонци – милениумски сведоштва за идентитетското име“ претставува обемно историско и документарно дело кое на едно место собира повеќе од 1.000 архивски документи и сведоштва во кои се споменува етнонимот „Македонци“ низ различни историски периоди.
Авторот Бранислав Светозаревиќ го обработува материјалот собран од архиви во 32 земји, прикажувајќи примери за тоа како населението од овие простори самостојно се идентификувало како Македонци, но и како странски автори, хроничари и официјални институции го бележеле македонското етничко име во различни историски и политички контексти.
Во делото се опфатени периоди од античкото време, преку средниот век и новиот период, до современата историја, со јасен акцент на континуитетот на употребата на името „Македонци“. Анализите укажуваат дека станува збор за етноним со длабоки историски корени, а не за современа или случајна појава.
Книгата нуди и аналитички осврт кој го поставува македонскиот идентитетско-етнички назив како значајна тема во историографијата и националната меморија. Како научно-популарна студија, делото е наменето и за стручната јавност и за поширок круг читатели, отворајќи простор за аргументирана дискусија за македонскиот идентитет во современ контекст.
