Манасиевски: Љупчо Николовски набавил поскапо жито за стоковите резерви, откако претходно Заев и Филипче му го отпишаа кусокот
Според податоците што ги изнесе Манасиевски, набавката на 20 000 тони пченица ја чинела државата 532 милиони денари, односно 8,6 милиони евра. Љупчо Николовски набавил поскапо жито за стоковите резерви за 1,3 милиони евра, откако претходно Заев и Филипче му го отпишаа кусокот, обвини денеска Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
Манасиевски побара од Николовски да даде одговори дали грантот за фирмата „Тргопродукт“ вреден 1,4 милиони евра од ИПАРД-програмата е подарок за Заев и Филипче затоа што му потпишале отпис на 2 000 тони жито од стоковите резерви на државата за да може во 2022 година, да направи набавка на 20 000 тони жито поскапо за 1,3 милиони евра.
Според податоците што ги изнесе Манасиевски, набавката на 20 000 тони пченица ја чинела државата 532 милиони денари, односно 8,6 милиони евра.
„Пченицата која била набавена од Србија, на истата цената на берзата во Нови Сад била 20,5 денари, дополнително трошоци за транспорт од 1,5 до 2 денари по килограм се доаѓа до цена од 22,5 денари, што е за цели четири денари помалку од оние кои државата ги платила поради Љупчо Николовски, Заев и Филипче, или 1,3 милиони евра повеќе пари биле потрошени на граѓаните“, рече Манасиевски.
Манасиевски тврди дека набавката била извршена веднаш по отписот на 2 000 тони жито од стоковите резерви, потпишан од Заев и Филипче.
