
УХМР: портокалово ниво на oпacнocт од високи температури
Од Управата за Хидрометеоролошки работи соопштија дека не очекува ТОПОЛ БРАН: до четврток продолжува периодот на стабилно и натпросечно топло време и ќе биде активирано портокалово ниво на oпacнocт од високи температури.
Особено топло се очекува да биде во четврток кога ќе дува засилен јужен ветер. Во текот на ноќта и во петок ќе има услови за локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер и температурата ќе се намали за 3 до 5 степени.
За утре и задутре се прогнозираат максимални 42 степена во некои делови од земјата, а во петок и за време на викендот 38 до 39 степени.