„УТРЕ ЌЕ СЕ ФИНАЛИЗИРААТ СИТЕ РАБОТИ“: Мицкоски не ги кажува имињата на новите министри
Премиерот Христијан Мицкоски има имиња за нови министри и заменици во владата, но не ги открива нивните имиња.
„Имињата, мислам дека до утрешниот ден ќе се финализираат сите работи, очекувам оваа недела да ги доставам до Парламентот. Кога ќе биде се конечно, ќе ги знае јавноста“, рече Мицкоски.
Се знаат и имињата на поверениците за општините во кои нема избрано градоначалници, но и тие според премиерот ќе останат тајна додека не поминат на владина седница.
„Нека поминат на владина седница. За кратко време ќе почне, за неколку часа од сега ќе ги дознае јавноста“, додаде Мицкоски.
