Почна освежувањето на пешачките премини низ Битола
Денеска во Битола започна обновата на пешачките премини на поголемите сообраќајници, со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот. Екипите на надлежните служби работат на освежување на хоризонталната сигнализација, а од Општината најавуваат дека активностите ќе продолжат и во наредните денови на најфреквентните локации. Согласно планот, ќе бидат опфатени сите премини што се во употреба, особено оние во близина на училишта и јавни институции.
