Македонски бизнисмен фатен како крадел струја – откриено на кој начин го правел тоа

Дали Знаете, Македонија

Утврдено нелегално користење на електрична енергија од страна на бизнисмен од Штип, објави Електродистрибуција.

– Нашиот специјализиран Тим за откривање на неовластено користење на електрична енергија утврди основи на сомневање за наводна кражба на електрична енергија во станбена куќа во сопственост на бизнисмен од Штип, стои во објавата.

Констатирано е противправно користење на електрична енергија во објект на улицата „Борко Талев“ во Штип и манипулација на сите три фази на броилото.

Направен е Записник за неовластено користење, поднесена е Пријава за неовластено преземање на електрична енергија до МВР според член 235-а од КЗ и изготвена е Фактура за надомест на штета во износ од 364.658 денари.

Случајот е документиран од страна на Министерството за внатрешни работи.