Лоши вести за Македонците со бугарски пасоши
Бугарскиот европратеник од Европската народна партија, Андреј Ковачев, инсистирал на итно усвојување на промените во Законот за бугарско државјанство за време на дискусија со бугарските новинари во Брисел.
-Сегашниот закон за бугарско државјанство е нелогичен и не функционира за легитимирање на бугарската заедница во Република Северна Македонија, посочил Ковачев, по што повикал преку тамошните медиуми дека Законот мора многу итно да се промени.
„Законот во моментов е нелогичен. Законот за бугарско државјанство мора многу итно да се промени, а сега ќе ве замолам да го пренесете до сите членови на бугарскиот Парламент и до министерот за правда“.
Нацрт-законот предвидува дел од личните податоци на лицата кои добиле бугарско државјанство да станат јавни и да биде очигледно дека се идентификувале како етнички Бугари.
Ова, според Ковачев, ќе потврди и колку е голема бугарската заедница во Република Северна Македонија, кои имаат бугарски документи за идентификација.




