Времето денеска: Облачно и врнежливо, од среда се очекува да биде стабилно и суво
Локални врнежи ќе има и во вторник во попладневните часови. Потоа до крајот на неделата времето ќе биде стабилно и суво со пониски утрински температури. Времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, информираат од Упрвата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни, а се очекува за 24 часа да наврнат над 30 литри на метар квадратен, со услови за појава на грмежи.
„Температурите ќе бидат во интервал од 6 до 18 степени“, се вели во прогнозата на синоптичарите.
И во Скопје ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, што ќе бидат пообилни попладне. Температурите ќе бидат од 10 до 17 степени.
Локални врнежи ќе има и во вторник во попладневните часови. Потоа до крајот на неделата времето ќе биде стабилно и суво со пониски утрински температури.
