Снегот доаѓа порано отколку што мислите: Познатиот српски метеоролог открива кога регионот ќе блесне во бело!

Времето денес

Познатиот српски метеоролог открива кога регионот ќе блесне во бело!

Според најновите прогнози на метеорологот Иван Ристиќ, регионот би можел да ги види првите снегулки околу 19 и 20 ноември.

Според Ристиќ, моделите на IRIE AIFS покажуваат дека поларниот вртлог во стратосферата се движи од Северна Америка кон Европа, што би можело да овозможи продирање на студен арктички воздух кон Балканот.

Ова значи дека кон средината на месецот би можел да има сериозен студен бран и прв снег.

Дотогаш, времето останува променливо.

Променливо облачно време со локални врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни ќе имаме денеска и утре.

Процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 30 l/m² за 24 часа), засилен ветер и појава на грмежи.

Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен, а долж Повардарието од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.

Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 16 степени.