Меџити: Серава добива инфраструктура по европски стандарди

Македонија, Политика

Градоначалникот на општина Чаир, Изет Меџити, денеска изврши увид на завршените градежни работи во населбата Серава, каде што е комплетно асфалтирана улицата „ЛПК“. Во рамки на проектот се уредени и пусетите, како и дел од атмосферската мрежа каде што постоела потреба за интервенција.

Резултатот е нова, чиста и безбедна улица, подготвена за нормално сообраќајување. Градоначалникот Меџити разговараше и со жителите на населбата, кои ја изразија својата задоволство од квалитетот на изведените работи и од брзината со која се реализираат проектите во нивната околина.

„Чаир секојдневно напредува со конкретни чекори и проекти кои носат вистинска промена. Чекор по чекор градиме модерна и функционална општина за сите наши граѓани“, истакна Меџити.