Крадци откорнаа банкомат со огромен кран, го натоварија и исчезнаа во ноќта (ВИДЕО)
Маскирани крадци пред неколку дена изведоа одважен грабеж во Англија, користејќи украден голем градежен кран за буквално да откорнат цел банкомат од продавница, јавува „Телеграф“.
Ова се случило во Милтон Кис околу 1 по полноќ во неделата, а неверојатниот грабеж е снимен од соседите на продавницата. Тие велат дека целата операција на дрските крадци траела пет или шест минути.
На снимката се гледа како крадците го извлекуваат банкоматот низ излогот на продавницата и го товарат на возило со кое потоа бегаат. Полицијата трага по нив.
