По дебатата со кандидатот на Левица, Ѓорѓиевски им се заблагодари на граѓаните за поддршката

Uncategorized, Македонија, Политика

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО–ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, по синоќешната дебата со опонентот од Левица, Амар Мециновиќ, објави порака со благодарност до граѓаните, истакнувајќи дека скопјани бараат човек кој ќе ги решава проблемите.

“Благодарам од срце за огромната поддршка! Се покажа дека скопјани бараат човек кој ќе ги решава проблемите, дека сакаат дела и резултати. Заедно ќе направиме многу за Скопје. Уште од првиот ден — работа, посветеност и одговорност кон граѓаните. Благодарам, Скопје!“, напиша Ѓорѓиевски на социјалните мрежи.

Двајцата кандидати, Ѓорѓиевски и Мециновиќ, ќе се соочат во вториот изборен круг на 2 ноември.