Даниловски: Во Скопје e можна бубонска чума

Дали Знаете, Македонија

Во Скопје последниве месеци, а особено години, сме сведоци на состојба што сериозно го доведува во прашање јавноздравствениот минимум на еден модерен град, предупредува епидемиологот д-р Драган Даниловски на својот ФБ профил.

„Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ практично не функционира, а купишта ѓубре се натрупани околу контејнерите. Ова веќе не е прашање на естетика или урбан ред, туку на јавно здравје,“ вели Даниловски.

Тој предупредува дека состојбата кулминирала со инцидент во кој дете било каснато од глушец во училишен двор во близина на насобрано ѓубре. „Тоа не е повеќе инцидент, туку симптом на системски распад,“ истакнува тој.

Според Даниловски, ваквите услови создаваат идеална средина за ширење на заразни болести како лептоспироза, хантавирус и бубонска чума. „Купиштата ѓубре создадоа идеални услови за развој на глувци и стаорци. Прашање е колку ли се накотени досега, кога условите се оптимални, а сметот се натрупува со месеци,“ предупредува тој.