Коњановски го започна мандатот со нова градинка за Битола

Македонија, Политика

Првиот работен ден како избран градоначалник на општина Битола, Тони Коњановски го започна со реализирање на првиот проект од својата програма – отворање на нова детска градинка.

„Продолжуваме да работиме во интерес на сите граѓани“, истакна Коњановски, додавајќи дека ваквите проекти се доказ за посветеноста кон унапредување на инфраструктурата и подобрување на условите за најмладите жители на Битола.

Ова е првиот од низа проекти кои новиот градоначалник ги најави како приоритет за својот мандат, со цел градот да се развива во правец на функционална и модерна општина.

 

Видеото може да го погледнете тука