Најдобриот другар на Тоше, скршен од болка и по 18 години: „Те чувам секој ден, 365 дена во годината – ќе те чувам додека сум жив“

Uncategorized

Стерули Штерјоски, еден од најдобрите другари на Тоше од детството, не дозволува да згасне споменот, па често објавува фотографии од својот починат другар, а сета своја емоција ја преточува и во пораките што му ги испраќа на Тоше на денот на несреќата.

Денес (16.10.2025) се навршуваат цели 18 години од трагичната сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, во која загина нашиот Тоше Проески.

Цели 18 години неговите најблиски, пријателите, соработниците, фановите, се сеќаваат на момчето кое си замина од овој свет на само 26 години, а сепак остави неизбришлива трага зад себе.

Сепак, на секој 16-ти октомври, најголемата болка ја чувствуваат најблиските и оние со кои Тоше делеше сè – од секојдневието, излегувањата, школските клупи, тајните, убавите и неубавите моменти.

А меѓу нив е и Стерули Штерјоски, еден од најдобрите другари на Тоше уште од детството.

Иако не дозволува споменот да згасне и често објавува фотографии од својот починат другар и споделува приказни, сета своја емоција ја преточува и во пораките што му ги испраќа на денот на несреќата.

И оваа година, тој еден ден пред годишнината на Инстаграм Стори објави фотографија од гробот на Тоше.

А денес, Стерули објави десетина заеднички фотографии и порака која боли.

„Те чувам секој ден, 365 дена во годината. И така веќе 18 години. Ќе те чувам сè додека сум жив. Многу фалиш братче“ – напиша Стерули.