Коњановски доби силна поддршка од ромската заедница
Денес кандидатот за градоначалник на општина Битола, Тони Коњановски, ја доби официјалната поддршка од ромската заедница во градот.
„Искрено им се заблагодарив за довербата и за вербата дека заедно можеме да продолжиме да ја развиваме нашата општина“, истакна Коњановски.
Тој нагласи дека Битола е силна кога сите стоиме заедно, без поделби, со почит и заедничка цел – подобра иднина за секој сограѓанин.
Коњановски истакна дека поддршката од ромската заедница е поттик за натамошна работа и реализирање на проекти кои ќе ги подобрат условите за живот и развојот на општината.
