Поднесена кривична за загрозување на сигурноста на д-р Шаини во Куманово

Македонија, Хроника

Во врска со пукањето кон доктор Зекирија Шаини во Куманово, поднесена е кривична пријава за загрозување на сигурноста.

„До Основното јавно обвинителство Куманово денеска е доставена кривична пријава за загрозување на сигурноста против едно лице, како и за поттикнување при извршувањето на тоа дело против поранешна сопруга на оштетениот.

Пријавата се однесува на претходно испратени заканувачки пораки и закани, додека индициите за евентуална инволвираност на овие осомничени, но и на други лица во инцидентот со пукањето се уште се проверуваат.

Надлежен јавен обвинител постапува по пријавите и презема дејствија“ соопштија од ОЈО.

Полициски службеници ја лишија од слобода 43-годишната А.А. од Тетово, поради основи на сомнение дека е поврзана со обидот за убиство на нејзиниот сопруг.

Од полицијата информираат дека во врска со случајот се повикани на разговор шест лица, а во домот на Б.С. (50) од Куманово бил извршен претрес по судска наредба.

Покрај уапсената жена, се трага и по Љ.Ф.(36) од Гостивар, кој е осомничен како директен извршител на нападот и кој се уште е во бегство.