
Општина Битола: Теренска проверка по оштетување на тротоар на влезот од Прилеп
По обилните врнежи од дожд вчера, на дел од булеварскиот влез од страната на Прилеп, десната насока, беше забележано оштетување на тротоарот кој сè уште е во фаза на изведба.
Од утринава, стручни екипи на Општина Битола извршуваат теренска проверка со цел да ги утврдат причините за настанатата штета и да предложат соодветни мерки за санација.
Општината апелира до граѓаните за внимателност при движење во овој дел додека траат проценките и интервенциите.